Добра вест за Ливерпул пред дуелот со Наполи

Ливерпул триумфираше на гостувањето против Кристал Палас без Мохамед Салах, кој поради незгодната повреда на скочниот зглоб целиот дуел го проследи од клупата за резерви. Сепак, за Јирген Клоп нема дилеми околу здравствената состојба на најдобриот стрелец на тимот, па стратегот на „црвените“ најави дека Салах ќе биде подготвен за настап од првата минута на следниот меч од ЛШ против Наполи.

„Со Салах се е во најдобар ред. Проблемот беше што немаше воопшто тренирано девет дена, потоа во петокот тренираше со 70% и не сакавме да го ризикуваме против Палас. Нема сомнеж дека ќе биде подготвен да игра со Наполи, тој ќе стартува од првата минута“ – истакна Клоп.

Ливерпул e лидер во групата од ЛШ, а со триумф над Наполи актуелниот европски првак би си го осигурал првото место во групата на едно коло до крајот, со што Клоп би можел во последната рунда да одмори дел од првотимците за гостувањето против Салцбург.

Се вчитува...