Добра вест за Реал: Азар и Асенсио се враќаат против Валјадолид

Реал Мадрид ќе биде значително засилен за утрешниот натпревар против Валјадолид откако Зинедин Зидан ги вклучи Еден Азар и Марко Асенсио на списокот на играчи што ќе бидат во комбинација за настап. Одличните крилни офанзивци ги надминаа проблемите со повредите и ќе атакуваат на место во првиот тим, иако е поверојатно дека ќе стартуваат од клупата за резерви и ќе добијат шанса во второто полувреме.

„Азар се чувствува одлично, тренираше со полна пареа во последните денови. Сепак, ризикот од нова повреда е значаен фактор и не треба да брзаме со експресно враќање во стартниот тим. Истото се однесува и на Асенсио“, изјави Зидан на прес-конференцијата во пресрет на овој натпревар.

Тони Крос нема да може да им помогне на „кралевите“ против Валјадолид по повредата заработена во првото полувреме од средбата со Бетис. Покрај германскиот репрезентативец, Зидан нема да може да смета ниту на Милитао и на Маријано Диаз.

Се вчитува...