Добра вест за Рома – Наинголан ќе патува за Барселона

Рома е подготвена за битка на дуелот со Барселона в среда, откако беше утврдено дека повредата на Раџа Наинголан не е од посериозна природа и белгискиот ас ќе може да настапи на мечот на „Камп ноу“.

Наинголан се повреди на натпреварот против Болоња и се стравуваше дека тој би можел да паузира до крајот на сезонава, но деталните прегледи добри вести за навивачите на „волчицата“. Тој без проблеми го одработе денешниот тренинг, по што се најде на списокот на Ди Франческо за патници за каталонската престолнина. Добра вест за Рома е што „фит“ по својата повреда е и италијанскиот репрезентативец Пелегрини, но затоа италијанскиот клуб нема да може да смета на услугите на Ченгиз Ундер, кој се повреди при тренинзите за турската репрезентација.

„Римската волчица“ важи за голем аутсајдер на двомечот против Барселона, но како што најавуваат Един Џеко и соиграчите, во фудбалот се случувале и поголеми чуда.

Се вчитува...