Добра вест за Тотенхем – се враќа Хари Кејн

Кризата со повредени фудбалери на Тотенхем се повеќе се намалува откако во тренажен процес влезе и Хари Кејн, кој својот камбек на терените ќе го има на претстојниот дуел со Барнли. Најдобриот стрелец на „спарси“ се повреди на дербито со Манчестер Јунајтед минатиот месец и според првите прогнози требаше да паузира до средината од март, но рехабилитацијата течеше побрзо од предвидувањата, па тој ќе биде „фит“ за следниот меч на „спарси“.

Лондонскиот клуб и без помошта на Кејн влезе во победничка серија, пред се поради извонредната форма на Кореецот Сон, па Покетино нема да брза со враќање на англискиот репрезентативец. Кејн ќе биде резерва на саботниот меч со Барнли, а идејата на стратегот на „спарси“ е тој да биде максимално подготвен за улога на стартер на следното дерби против Челси, што на програмата ќе биде следната среда.

Тотенхем моментно се наоѓа на третото место на табелата во Премиер-лигата, со пет бода заостанување зад водечките Ливерпул и Манчестер Сити.

Се вчитува...