Добра вест за Вардар: Циндриќ го избрка Бомбач од Киелце

Деан Бомбач го заврши својот престој во Кјелце откако словенечкиот среден бек денеска го раскина договорот со полскиот првак и потпиша договор со Пик Сегед. Во ситуација кога Кјелце се засили со Лука Циндриќ, Словенецот стана прекуброен во тимот на Талант Душебајев, па иако имаше валиден договор до 2022 година Бомбач доби зелено светло за да се врати назад во Унгарија, во тимот за кој настапуваше пред да дојде во Кјелце.

По дискусиите со ракометарот и со неговиот менаџер, решивме да му дозволивме да се пресели во Сегед. Благодарност до Бомбач за неговиот професионализам, му посакуваме се најдобро во натамошниот дел од кариерата“ – изјави претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.

Тоа е добра вест и за Вардар, со оглед на фактот дека со доаѓањето на Бомбач сега достапен за трансфер станува Житников. Русинот пред неколку дена потврди дека има понуда од „црвено-црните“, но и валиден договор со Пик Сегед, но сега лесно може да се случи новиот унгарски првак да даде зелено светло за Житников да се пресели во Скопје.

Се вчитува...