Арсенал се мачи да влезе во континуитет оваа сезона. „Топџиите“ моментално се наоѓаат на 9. место на табелата во Премиерлигата со 46 освоени бода, девет зад петто пласираниот Вест Хем па ситуацијата за излез во Европа и следната сезона не е воопшто идеална.
Сепак лондонскиот состав до крајот има поволен распоред на домашната сцена, а остануваат и дуелите од Лига Европа па и понатаму живеат надежите за добар крај на сезоната.
Добри вест за составот на Микел Артета е и подобрувањето на ситуацијата на Пјер-Емерик Обамејанг, кој на средината на овој месец беше хоспитализиран поради зараза со маларија во Габон.
„Разговарав со него повеќе пати. Во средата беше и во тренинг центарот, но и понатаму оди на лекарски контроли па ќе му биде потребно одредно време за целосно да се врати. Тоа е тешка болест, тој помина низ тешки моменти. Сакаме да му ги дадеме сите услови со цел побрзо да се опорави. Потребен ни е. Се надевам дека ќе се врати до крајот на сезоната. Очекувањата се дека наскоро ќе биде многу подобар, ќе ја врати килажата и ќе може да тренира. Кога тоа ќе се случи верувам дека многу брзо ќе биде подготвен за настап“, изјави тренерот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА