Добри вести за Бостон: Порзингис се враќа од повреда

Летното засилување за Бостон Селтикс, Криштапс Порзингис е надвор од терените во последните четири натпревари поради повреда на листот на ногата, но рехабилитацијата се одвива во добра насока и наскоро се очекува Летонецот да се врати на теренот, пренесува доброупатениот Адријан Војнаровски.

Дваесетиосумгодишникот нема да биде дел од четвртфиналето против Индијана во ново формираното натпреварување во рамките на НБА лигата, но очекувањата се дека ќе биде дел од „фајнл 4“ турнирот во Лас Вегас доколку Бостон успее да избори учество.

Се вчитува...