Добри вести за Филаделфија: Се враќа Ембид

Актуелниот најкорисен играч на регуларниот дел на НБА лигата, Џоел Ембид би можел да се врати на теренот за натпреварот против Оклахома кој ќе биде одигран во ноќтта помеѓу вторник и среда, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави.

Камерунскиот центар со француски и американски пасош е надвор од теренот од 30 јануари и средбата против Голден Стејт на која заработи повреда на менискусот на левото колено.

Ембид пропушти 34 последователни натпревари на Филаделфија во кој тимот кој се бореше за првата позиција на табелата на „Истокот“ претрпе тешки порази по кои во моментот се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Пред повредата Ембид бележеше просек од 35.3 поени, 11.3 скокови, 5.7 асистенции и 1.8 блокови по натпревар со што беше во конкуренција за МВП наградата.

Се вчитува...