Добри вести за Ливерпул, Кутињо не е сериозно повреден

Ливерпул успеа да освои значајни три бода на гостувањето против Ватфорд со фантастичниот гол на Емре Чан со ножички, но фановите беа во страв поради повредата на Бразилецот Фелипе Кутињо, кој ја напушти играта уште на самиот старт, а на негово место влезе Адам Лалана.

Сепак, по натпреварот дојдоа пријатни вести за Лиоверпул. Кутињо не е сериозно повреден. Тоа и самиот го потврди со статус на Инстаграм.

„Благодарам за поддршката. Не е ништо сериозно“, истакна Кутињо.

Бразилскиот интернационалец се очекува да биде во составот на Ливерпул веќе на следниот натпревар против Саутемптон в недела.

Се вчитува...