Добри вести за МЗТ – Повредата на Кук не е сериозна

Покра вчерашниот катастрофален пораз на гостувањето кај Партизан во АБА лигата, лоша вест за македонскиот шампион беше и повредата на новото засилување Кенадре Кук кој по само пет минути мораше да го напушти теренот.

Првичните прогнози по прегледите во болница во Белград беа дека има скинат лигамент поради што би морал да отсуствува најмалку еден месец. Но, денешната детална проверка покажа дека повредата не е толку сериозна.

Проценките на докторите кои го прегледаа Кук, велат дека тој би бил надвор од тимот најмногу две недели. Тоа значи дека по неколку дена би можел да почне со лесни тренинзи и би бил подготвен да им помогне на соиграчите веќе на гостувањето кај Студентски центар, закажано за 28. јануари во Подгорица.

Се вчитува...