Добри вести за „црвените ѓаволи“: Лукаку ќе паузира само една недела

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку ќе биде надвор од терените само една недела откако ја повреди главата на мечот со Саутемптон пред два дена. Белгискиот репрезентативец настрада во воздужен дуел со дефанзивецот на гостите Весли Хоет, при што беше изнесен на носилки, но по медицинските прегледе утврдено е дека не се работи за посеризона повреда.

Лукаку ќе го пропушти денешниот натпревар против својот екс-клуб Евертон кој е веќе во тек, како и средбата против Дерби за четири дена во рамките од ФА купот. Сепак, Мурињо се надева дека ќе може да го користи својот голгетер за закажаниот натпревар со Стоук на 13. јануари.

Се вчитува...