Добро познато име го наследи Илиќ на клупата на Партизан

Српскиот фудбалски клуб Партизан повторно посегна по тренерска смена откако раководството на клубот му врачи отказ на Саша Илиќ.

Капката која ја прели чашата беше најновиот пораз од Чукарички, по кој „црно-белите“ паднаа на разочарувачката десетта позиција во Суперлигата на Србија, со дури седум порази во дванаесет одиграни кола.

Спас од длабоката криза белградскиот клуб ќе бара во добро познато име. Александар Станојевиќ по четврти пат во кариерата се враќа на стадионот во Хумска со задача да ја консолидира екипата по двата врзани неуспеси во првенството.

Станојевиќ зад себе има богата и бурна историја со Партизан. Неговиот прв мандат останува запаметен по освоените шампионски титули и историскиот пласман во Лигата на шампионите. Во вториот престој тој предводеше исклучително ефикасен состав кој за влакно остана без трофеј, додека неговиот последен ангажман заврши неславно по само неколку месеци, одбележан со рани елиминации од Европа и тежок пораз во „вечното дерби“ против Црвена Звезда.

Се вчитува...