Додека го чека Торес, ПСЖ си договори голман

ПСЖ постигна начелен договор со Парма за трансферот на Зајон Сузуки. Двократниот европски клупски шампион ќе плати на калчолигашот 35 милиони евра за јапонскиот голман. 23-годишниот чувар на мрежата најверојатно ќе потпише петгодишен договор.

Иако Парижаните имаат големи надежи за Сузуки за во иднина, тој нема да биде во плановите на Луис Енрике за следната сезона, бидејќи Шпанецот ќе продолжи да се потпира на Матвеј Сафонов и Лука Шевалие. Поради оваа причина, тој ќе биде позајмен во друг тим. Најверојатно, тоа ќе биде Јувентус, но и други клубови се заинтересирани за Сузуки, кој одигра одлично на Светското првенство.

Во исто време, ПСЖ продолжува да работи на трансферите на Феран Торес и Мика Годеш, кои исто така ќе се обидат да ги финализираат до крајот на оваа недела.

Се вчитува...