Додев: Брегалница на секој меч на победа, чекор по чекор веќе сме на прагот на Прва лига

Фудбалерите на Брегалница денеска од 13 часот гостуваат на Плачковица во Радовиш во 22. коло од Втората лига – Исток. Како и на претходните натпревари, „сините“ и денеска атакуваат на трите бода. Еден од најдобрите фудбалери, Дарко Додев нагласува дека секој во тимот е максимално мотивиран за ново докажување.

„Секако сакаме победа и нови три бода. Играме одлично изминатиов период и секако, чекор по чекор, на прагот сме на Првата лига. Може да кажам дека атмосферата во тимот е навистина одлична, желни сме за нови победи“ – вели Додев.

Брегалница денеска ќе биде без капитенот Ристе Наумов.

„Играме без капитенот Ристе Наумов, но секој поединец во тимот слободно може да кажам дека е мотивиран за максимално надигрување. Огромна е желбата кај секој од нас постојано да докажуваме дека сме најдобри во оваа конкуренција“ – дополнува офанзивецот на Брегалница.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (22. коло, денеска, 13 ч.)

Плачковица – Брегалница

Осогово – Кит Го

Росоман – Тиквеш

Кожуф – Каменица Саса

Победа – Слога Виница

Се вчитува...