Додев максимално коректно: Црвениот картон за Мојсов е престрог, немаше удар

Брегалница со убедлива победа од 5-0 славеше против Тиквеш во последниот натпревар од сезоната, на тој начин без ниту еден пораз завршувајќи го патот кон Првата лига.

Но, на денешниот дуел во Штип осамна и еден несакам момент во 29. минута кога неочекувано капитенот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов доби директен црвен картон поради старт врз Дарко Додев.

Офанзивецот на Брегалница по мечот, сепак, максимално коректно признава дека исклучувањето за Мојсов било престрого.

„Мора да бидеме искрени и да кажам дека стартот не беше за исклучување. Црвениот картон за Мојсов е престрого досуден. Мислам дека не заслужи црвен картон. Во секој случај, ние сме презадоволни што на ваков начин, со убедлива победа ја завршивме сезоната“ – ни изјави Додев по крајот на дуелот со Тиквеш.

Ѓорѓи Мојсов, и покрај исклучувањето, се очекува да биде на располагање на Тиквеш за бараж пресметката за влез во Првата лига.

Се вчитува...