Договорен протоколот: Калчо-лигата може да продолжи!

Калчо-лигата ќе добие зелено светло за продолжување на сезоната откако денеска беа договорени сите детали од „здравствениот протокол“ што ќе мора да биде исполнат за да се обезбеди безбедност за сите оние кои ќе бидат дел од продолжението на шампионатот. Ова денеска го потврди и Министерот за Спорт, Винченцо Спадафора, најавувајќи дека најтешкиот дел од кризата е веќе завршен.

„Можевме да дозволиме некои „помеки“ мерки бидејќи денешната ситуација го дозволува тоа. Не ми се допаѓа што се вршеше притисок врз мене, како јас да сум виновникот што не се игра игра фудбал. Сепак, не можев да дадам зелено светло кога илјадници луѓе секојдневно беа примани во болниците. Сега ситуацијата е поинаква, вистинско време е фудбалот повторно да почне да се игра“, изјави Спадафора по најновиот состанок со „здравствените власти“ и претставниците на клубовите.

Клучниот чекор напред беше направен откако здравствените комисии направија низа „попусти“ при барањата на клубовите. Така, нема да биде задолжителен двонеделниот карантин за сите екипи пред почетокот на сезоната. Со карантинот се штитеа играчите од зарази пред да продолжи Калчо-лигата, но откако клубовите категорично отфрлија вакво нешто, беше донесена одлука воопшто да нема вакво собирање, а наместо тоа да се интензивираат тестовите врз играчите.

Покрај тоа, усогласен е и протоколот што ќе се случува ако некој играч стане позитивен на ковид-10. Во тој случај, фудбалерот ќе замине дома во самоизолација, а остатокот од екипата ќе може да продолжи со колективни тренинзи, но ќе мора да биде затворен во тренинг-центар или во карантин на друго место каде ќе нема допир со надворешни лица.

За 28 мај е закажан состанок меѓу Спадафора и челниците на лигите, средба на која се очекува да биде официјализиран и датумот за продолжение на Серија А.

Се вчитува...