Усман Дембеле и Пари Сен Жермен постигнале договор за продолжување на соработката, а францускиот репрезентативец наскоро треба да стави потпис на нов договор кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ до летото 2030 година.
Дембеле имаше договор со ПСЖ до 2028 година, но двете страни веќе подолго време преговараа за продолжување. Според последните информации, сега е постигнат целосен договор, па официјализацијата се очекува во најскоро време.
29-годишниот офанзивец во изминатиот период имаше интерес од неколку богати клубови од Саудиска Арабија, но неговиот приоритет бил да остане во Париз. Дембеле сака да продолжи да биде дел од проектот на Луис Енрике и на европскиот шампион.
Французинот пристигна во ПСЖ во 2023 година од Барселона за околу 50 милиони евра, а во меѓувреме прерасна во една од главните фигури на тимот.
Особено блескаше во сезоната во која ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, француското првенство и Купот, а неговите настапи му ја донесоа и најголемата индивидуална награда – „Златната топка“ за 2025 година.
Дембеле во Париз доживеа целосна трансформација под водство на Луис Енрике. Од класично крило, Французинот почна да игра и како централен напаѓач, што значително влијаеше врз неговата ефикасност.
Во сезоната во која ја освои „Златната топка“, Дембеле постигна 35 гола и запиша 16 асистенции на 53 натпревари во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
