Договорено: Формула 1 се враќа во Африка

Формула 1 шампионатот и официјално ќ се врати во Африка почнувајќи од 2030 година, потврдено е на официјалната веб-страница на оваа организација, откако денеска потпиша десетгодишен договор со Руанда, оваа земја да стане дел од „летечкиот цциркус“.

Најбрзите болиди во светот ќе се тркаат на африканскиот континент за првпат по 1993 година. Големата награда на Африка во минатото ја организираше Јужна Африка, најмногу трки бееа возени на легендарната патека „Кјалами“, но сега се најавува дека овој спектакл ќе биде далеку „поегзотичен“.

Новата голема награда на Африка ќе се вози на новоизградената патека „Бугесера“ чие финиширање со изградбата се очекува прд 2029  година. Патеката се наоѓа на 40 километри од главниот град Кифали, каде иствремено се гради и нов меѓународен аеродром.

„Ова е историски ден за Формула 1 Африка отсекогаш беше дел од иднината на нашиот спорт, пресреќни сме што се враќаме со вистински партнер за долгорочна соработка. Заедно можеме да создадеме трајни економски и друштвени користи низ туризмот, инвстициите и развојот на локалните произведувачи, ќе сториме се за оваа соработка да има позитивен ефект веднаш, но и за генерациите што следат“, изјави првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.

Се вчитува...