Конечно е постигнат целосен договор – одложеното финале од Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс ќе се игра на 9 декември на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, со почеток во 20.30 часот. Ова е одлуката со која се согласиле сите заинтересирани страни, зелено светло дале и КОНМЕБОЛ, ФИФА, Реал Мадрид и Шпанската Фудбалска Федерација, со која се става крај на сите шпекулации околу можните дестинации на кои би можел да се игра овој натпревар.
„Останува само уште дозвола на Владата на Шпанија преку Министерството за Образование, но тоа ќе биде само формалност. Најверојатно и судијата ќе биде Шпанец“ – објавија медиумите од оваа земја.
Според нив, ФИФА утрово ја контактирала Шпанската Фудбалска Федерација со молба да помогне во решавањето на кризата со изборот на локација, откако претходно биле одбиени Асунсион, Доха и Мајами. Една од опциите бил и „Камп ноу“, за на крајот изборот да падне врз стадионот на актуелниот европски првак Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА