Дојчиновски делегат на Молдавија – Велс, Божиновски контролор во Шведска, македонски судии во Ла Вела

Македонските судии, делегати и контролите ќе имаат работа во квалификациските натпревари кои почнуваат денеска.

Така за денешниот дуел помеѓу Молдавија и Велс, делегат ќе биде Васко Дојчиновски. Мечот се игра во 17 часот во Орхеи.

Контролор на судиите на натпреварот Шведска – Косово, кој ќе се одигра во Стокхолм, ќе биде Емил Божиновски. Тој дуел ќе се одигра утре во 18 часот.

Делегирани се и македонски арбитри. Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на дуелот на младите селекции меѓу Андора и Англија кој се игра во Ла Вела на 11. октомври. Негови помошници ќе бидат Дејан Неделковски и Даниел Василевски, додека четврт судија ќе биде Дејан Јакимовски.

Се вчитува...