Дојде и тој ден: Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на 21. век Златан Ибрахимовиќ се одлучи да стави крај на својата богата кариера.

По вечерашниот меч во кој Милан триумфираше над Верона со 3-1, популарниот Ибра објави дека завршува неговата професионална кариера.

Шведскиот ас има 41 година и заедно со „росонерите“ одлучија дека нема да го продолжи договорот. Се шпекулираше дека може да заврши во Монца кај Берлускони и Галијани, дека сака да игра уште фудбал, но дојде крајот.

Се вчитува...