Дојде време за големиот трансфер: Кејн патува во Минхен на потпис

Трансфер сагата на Хари Кејн е пред самиот крај. Тотенхем му даде дозвола на својот напаѓач да патува во Минхен, каде што ќе треба да ги мине лекарските прегледи, и да потпише за Баерн во трансфер вреден 110 милиони евра.

Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Баерн Минхен е се посигурен дека ќе го осигура потписот на напаѓачот до крајот на неделава и дека ќе го потпише англискиот репрезентативец на четири години.

Кејн е дел од сениорскиот тим на Тотенхем од 2011 година. Во текот на минатата сезона во 38 натпревари постигна 30 гола и забележа три асистенции.

Се вчитува...