Американската бејзбол лига и Кубанската безбол федерација постигнале договор за слободен трансфер на играчи и покрај сериозните политички и дипломатски тензии меѓу двете држави.
Кубанците ќе можат слободно да прават договори со клубовите од МЛБ – лигата без досегашните проблеми што им ги правеа двете држави.
Бејзбол играчите од Куба кои имаат 25 години и биле дел од кубанската лига најмалку шест сезони сега ќе можат да потпишуваат договори во САД. Според договорот, МЛБ ќе и исплаќа на кубанската федерација и процент од бонусите што ќе ги добиваат играчите од ова земја.
Познато е дека Кубанците се едни од најдобите бејзбол играчи во светот. Тие досега по нелегални начини доаѓаа во САД, најчесто преку криумчарите на луѓе минувајќи ја мексиканско-американската граница или со бегалски бродови. Американските медиуми објавуваа приказни за дел од најпознатите играчи кои на патот до САД биле киднапирани или измачувани од трговците со луѓе.
Договорот за кој МЛБ – лигата имала долги и тешки преговори со амдинистрацијата на Трамп важи до 31 октомври 2021 година. Кубанците ќе мора да добиваат работна виза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА