Дојдоа Македонците…го ’избришаа’ Северна…ќе игра МАКЕДОНИЈА (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана, 

Никола Ѓуровски

Словенците се мирен, културен народ, може да се каже и гостољубив, а секако многу прецизен, со веќе вкоренети европски стандарди. За Европа веќе сме Северна Македонија, па така сме најавени и во пресрет на вечерашниот фудбалски меч на стадионот „Стожице“. На официјалниот плакат стоеше… Словенија против Северна Македонија…20.45 часот.

Но, дојдоа Македонците, ги има повеќе од илјада кои веќе го ’окупираа’ центарот на Љубљана, и го покрија тоа…Северна. Остана Македонија, која вечерва ќе го игра вториот квалификациски натпревар за ЕВРО 2020. Барем, на плакатот во центарот на Љубљана. Но, како што истакна еден од навивачите: „Сега срцето чука посилно“.     

Се вчитува...