Доказ за фијаското: Реал не шутна НИТУ ЕДНАШ во голот на ПСЖ

Реал Мадрид по 25 години пауза повторно загуби на „Паркот на принцовите“ од ПСЖ. Тогаш стрелци беа Веа и Жинола, денеска царуваше Ди Марија, како уште еден доказ дека овој тим на Зинедин Зидан е предалеку од нивото на оној што три години по ред ја освојуваше европската круна.

Доказ за фијаското е фактот дека Реал за 90 минути игра не успеа ниту еднаш да го погоди противничкиот гол, па Кејлор Навас немаше работа во пресметката со својот поранешен клуб. Осум промашени и еден блокиран удар – премалку за тим што најавува дека повторно ќе атакува на тронот на европскиот фудбал.

Ова е првпат во последните 16 години (откако оваа категорија официјално се мери) Реал Мадрид да нема ниту еден единствен удар кон противничкиот гол на меч од Лигата на шампионите.

Се вчитува...