Доктор на фудбалот: Волеј на Тадиќ за воодушевување (ВИДЕО)

Ајакс игра извонреден фудбал сезонава во холандскиот шампионат триумфирајќи и со 3-0 против Цволе во вчерашниот натпревар.

А, мечот беше одбележан и од феноменалниот потег на српскиот репрезентативец Душан Тадиќ кој постигна спектакуларен гол во 30. минута за водство од 1-0.

Тадиќ мајсторски прими топка на 18 метри и со волеј удар извонредно ја смести во противничката мрежа.

Се вчитува...