Докузовски: Ова беше празник за кошарката, честитки за МЗТ

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски ги посочи личните грешки на високите кошаркари во својот тим како пресудни за поразот во големото финале. При тоа им недостасуваше најдобриот овосезонски поединец, Маркус Гинјард, кој се повреди на вчерашното полуфинале со Куманово.

„Пред се, честитки на МЗТ за освојување на Купот. Денес беше вистински празник за кошарката, љубителите на овој спорт можеа да уживаат во еден одличен, борбен натпревар. Ме радува што се враќа најголемото кошаркарско дерби во Македонија. МЗТ и Работнички покажаа дека навистина се двете најголеми екипи тука. Што се однесува до самиот натпревар, ние цело време го бркавме резултатот, за кратко поведовме во второто полувреме, но направивме многу лични грешки кои можеби пресудија на крајот. Излегувањето на Николовски и Крстевски дефинитивно го решија победникот, не сакам да зборувам колку ни недостасуваше Гинјард бидејќи со него се ќе беше поинаку. Клупата ни беше ограничена, кого и да ставев од другите играчи во игра резулататот автоматски одеше контра нас. Во одредени моменти примивме неколку несреќни кошеви, притоа промашивме клучни шутеви“, истакна Докузовски.

Се вчитува...