Долго го чекаа денешниот ден, но… Баскијците приредија „фешта“ по балконите (ФОТО)

Во нормални околности денеска ќе беше посебен ден за Баскијците затоа што нивните два омилени клубови, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад во Севилја требаше да го играат финалето од кралскиот Куп, за првпат во модерната историја на ова натпреварување. Но, се е откажано поради коронавирусот.

Сепак, навивачите на двата клуба тоа не ги спречи во Билбао и во Сан Себастијан да искажат поддршка за своите тимови и од изолација – излегувајќи на терасите од своите домови приредувајќи „фешта“ и со музика, сценографија и пиротехника.

Преку социјалните мрежи навивачите на двата клуба лансираа кампања „Да го доведеме финалето на балконите“ и се договорија денеска во исто време со аплауз да дадат поддршка за своите тимови но и да им се заблагодарат на здравствените работници.

„Кога и да се случи ќе биде тоа големо финале. А сега пејте ги своите химни од терасите“ – беше пораката на навивачите на двата клуба.

Се вчитува...