Долго очекувана револуција: По 55 години се укинува правилото „гол на гости“

Годината тргна со радикални промени во фудбалскиот свет. На повидок беше крај на Лигата на Шампоните онаква каква што ја знаеме и формирање на Суперлига, идеја која што не помина добро кај навивачите, но следната револуција многумина ќе ја дочекаат како победа.

Имено, на масата на Извршниот одбор на УЕФА се најде предлог за промена на правилото „гол на гости“, кое за прв пат беше уведено во 1965 година во Купот на победниците на купови со цел да се избегне трет натпревар на неутрален терен и доигрување, нешто што денеска не му оди во прилог на модерниот фубал.

Очекувањата се дека раководните лица на УЕФА ќе донесат одлука за елиминирање на ова правило од 2024 година и истото не би се применувало во Лигата на Шампионите, Лига Евопа и новоформираната Конференциска лига.

Се вчитува...