Швјонтек: Долго време не можев да ги погледнам луѓето во очи

Светската тенисерка број 1 Ига Швјонтек вели дека кога била помлада била многу поповлечена и дека тоа и пречело на почетоците од нејзината кариера.

Полската тениска ѕвезда е на петтото место на листата на „Форбс“ за најбогати спортистки со 14,9 милиони долари, од кои дури пет милиони се од активности надвор од теренот.

„Имаше период во мојот живот кога бев толку интровертна што дури и да разговарам со луѓе беше вистински предизвик за мене. До 17-18. години, ми беше тешко да ги гледам луѓето во очи. Мразев колку ми беше тешко, се чувствував лошо бидејќи не можев да создадам вистински врски. Мојата приказна не е како приказната на другите спортисти и тоа е во ред“, рече Швјонтек.

Швјонтек беше елиминирана во четвртото коло од Јелена Рибакина на Австралија Опен.

Се вчитува...