Домашните репрезентативни сили на Ангеловски го победија Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Селекторот Игор Ангеловски по денешниот пријателски натпревар противв Работнички, кој репрезентацијата на Македонија го доби со 2-0 имаше можност да го скенира домашниот потенцијал на фудбалери кои би можеле да помогнат во квалификациите за Светското првенство, како и за предизвикот наречен Европски шампионат. Љупчо Дориев во 15.минута и Фатих Исмаили во 65.минута беа стрелци за Македонија на мечот.

Ангеловски успеа да види колкав е квалитетот на фудбалерите кои играат во домашниот шампионат и да оцени кој може да помогне во следните предизвици на А-тимот.

 

 

 

Се вчитува...