Доминација на Леклер во Австралија, Ферстапен повторно најголем малер

Возачот на Ферари, Шарл Леклер стигна до втората победа сезонава во Формула 1 шампионатот, откако на доминантен начин славеше на трката за големата награда на Австралија која по пауза од три години се врати на патеката Алберт Парк.

Монтежанецот до победата стигна на убедлив начин, а се беше решено откако неговиот најголем конкурент, актуелниот шампион Макс Ферстапен и вторпат сезонава мораше прерано да ја заврши трката поради проблеми со неговиот Ред Бул.

Второто место во замена на Ферстапен, му припадна на неговиот клупски колега Серхио Перез, додека подиумот го надополни Џорџ Расел во Мерцедес. Четврти заврши Британецот, Луис Хамилтон, а во топ 10 се најдоа уште и Норис, Рикардо, Окон, Ботас, Гасли и Албон.

Вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц исто така не ја заврши денешната трка.

Се вчитува...