Доминација на Вардар во дрим-тимот на СЕХА

Вардар има повеќе од половина ракометари во идеалниот тим на сезоната во СЕХА-лигата, избран според гласовите на капитените на екипите во регионалното ракометно натпреварување. „Црвено-црните“ ја завршија сезоната на првото место, доминираа на речиси сите натпревари и сосема заслужено се и најмногу застапени во СЕХА.

За најдобар голман во регионалното натпреварување е избран Дејан Милосављев, најдобро лево крило е Тимур Дибиров, среден бек број 1 во СЕХА-лигата е Игор Карачиќ, крај кого во бековската линија е Даинис Криштопанс.

Друштво на четворицата „вардарци“ им прават левиот бек на Мешков Брест, Петар Ѓорѓиќ, десното крило на Загреб, Златко Хорват, како и пивотот на Нексе, Марин Шипиќ.

Златко Хорват е избран за МВП на регуларниот дел од сезоната, најдобар тренер е Маноло Каденас од Брест Мешков, а најдобар дефанзивец е чешкиот ас на Мешков Брест, Павел Хорак.

Се вчитува...