Доминација: Петмина „вардарци“ водат во трката за место во дрим-тимот на ЛШ

Се ближи фајналфор турнирот од Лигата на шампионите, а ЕХФ на десет дена пред стартот на спектаклот во Келн потсети и дека во тек е гласањето за дрим-тимот на сезоната во елитното европско натпреварување.

Објавени е и моменталниот изглед на гласањето, кое минува во знакот на Вардар, чии членови водат во дури пет категории до овој момент по бројот на освоени гласови.

Роберто Парондо има најмногу гласови меѓу тренерите, Милосављев е најдобар голман, Криштопанс е најдобар десен бек, а „црвено-црни“ се и најдобрите крила во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

Најдобар дефанзивец во досегашниот дел од гласањето е Благотиншек од Веспрем, најдобар среден бек е неговиот соиграч Мае, а доколку гласањето заврши денеска, во дрим-тимот би се нашле уште и Колбахер (Рајн-Некар Левен), Фабрегас (Барселона) и Хансен (ПСЖ).

Се вчитува...