Доминација: Шпанија ја има најдолгата серија без пораз во фудбалската историја

Шпанија ги обедини светската и европската круна, а синоќешната победа над Аргентина значеше и продолжување на неверојатната серија што обезбеди место во историјата за „црвената фурија“ по уште една категорија – најдолга низа без пораз во репрезентативниот фудбал.

Тоа беше 38. меч во серија на кој Шпанците беа непоразени (29 победи и девет реми), во периодот од март 2024 година па се до денеска.

Ваквиот исход значеше и дефинитивно уривање на досегашниот рекорд на Италија, во периодот од октомври 2018 до септември 2021 година во кој „аѕурите“ беа цели 37 натпревари без пораз (28 победи и 9 реми).

Третото место на оваа вечна листа припаѓа исто така на Шпанија, во периодот од февруари 2007 до јуни 2009 година во кој „црвената фурија“ 35 средби во низа не знаеше за пораз.

Се вчитува...