Одбојкарите на Струмица триумфираа во четвртиот натпревар од финалната серија против Штип со 3-1 и ја одбранија титулата во домашниот шампионат.
Струмичани првиот сет го добија со 25-21 па одиграа доминантно и во вториот сет во кој славеа со 25-19 за предност од 2-0. Штип одговори во третиот сет со 25-16, но немаше сили за изедначување. Струмица славеше во четвртиот сет со 22-21 и ја завери 12. титула во својата историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА