Домино ефект: Уште една ѕвезда на Реал сака во Серија А

Кристијано Роналдо повлече нога, а сега неколку ѕвезди на Реал Мадрид сакаат да го следат неговиот чекор. Лука Модриќ се најавува како можно засилување на Интер, а и Бразилецот Марсело би можел да се пресели во Серија А. Тој е желба на Јувентус, и повторно би можел да биде соиграч со Португалецот Роналдо.

На „кралевите“ им се случува домино ефект, а претседателот Флорентино Перез се врани со огромната висина на отштетните клаузули што го имаат фудбалерите на неговиот тим.

Марсело наводно, исто така му порачал на Перез дека сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, и затоа е многу важен чекорот што ќе го направи Модриќ. Доколку тој замине, тогаш и Марсело ќе сака да го стори истото. Но, тоа ќе биде веќе и премногу за составот на актуелниот европски првак.

Јувентус го сака Марсело како замена за Алекс Сандро, кој е пред трансфер во Пари Сен Жермен. За него „светците“ нудат 50 милиони евра.

Се вчитува...