Дона Векиќ се пласираше во четвртфиналето и закажа дуел со Сабаленка

Дона Векиќ направи уште еден голем успех на грен-слем турнирите и се пласираше во во четвртфиналето на Австралија Опен откако ја совлада Линда Фрухвиртова со 2-1 (6-2, 1-6, 6-3). Таму за противничка ќе ја има Арина Сабаленка, која со 2-0 (7-5, 6-2) беше подобра од олимписката шампонка Белинда Бенчиќ.

Во четвртфиналето се пласираа и полската тенисерка Магда Линет кој славеше против Французинката Каролин Гарсија со 2-0 (7-6, 6-4), како и Чехињата Каролина Плишкова која со 2-0 (6-0, 6-4) беше подобра од Шуан Женг.

Се вчитува...