Донарума е „Супермен“ за пенали – никогаш во кариерата не загубил пенал-рулет

Џанлуиџи Донарума беше херој на Италија во завршницата од големото финале, во која ги одбрани последните два удари од белата точка што кон неговиот гол ги упатија Санчо и Сака.

Со тоа, извонредниот голман потврди дека е „Супермен“ за вакви ситуации, со оглед на статистичкиот податок дека никогаш досега не загубил пенал-рулет.

Донарума се радуваше на триумф и на претходната пресметка со Шпанија, а тој има славено и на три пенал-рулети на голот на Милан во изминатите години.

Голман за респект кој бранеше одлично цело првенство и потврди зошто важи за еден од најдобрите во светот на својата позиција.

Се вчитува...