Донарума го тужи Милан, Раиола смисли план?!

Најталентираниот италијански голман Џанлуиџи Донарума ќе го тужи Милан и ќе побара раскин на договорот со „росонерите“. Целиот план го смисли неговиот менаџер Мино Раиола, кој му подготвува спектакуларен трансфер во Пари Сен Жермен.

Иако Донарума потпиша нов договор со Милан и доби клаузула од 40 милиони евра за негов раскин, сепак, агентот Мино Раиола не присуствувал на неговото потпишување, па сега го убедува Донарума да го тужи клубот, под изговор дека потписот е ставен под притисок.

Голманот, наводно, како што информира „Кориере Дела Сера“, веќе испратил писмо до раководството на клубот, во кое информира дека потписот на договорот го ставил под психолошки притисок. Тој доби 6 милиони евра по сезона според неговиот договор со Милан, но ПСЖ му нуди многу повеќе, околу 10 милиони евра годишна плата, доколку дојде без отштета во Париз.

Се вчитува...