Донарума вечерва се враќа на „Сан Сиро“, навивачите на Милан го пречекаа со транспарент

Репрезентациите на Италија и на Шпанија вечерва на „Сан Сиро“ во Милано ќе го одиграат полуфиналето во Лигата на Нации „А“ дивизија. Тоа ќе биде прво враќање на Џанлуиџи Донарума на стадионот во Милано, по неговиот трансфер од Милан во ПСЖ.

Навивачите на „росонерите“ и натаму не му го простуваат овој трансфер. Затоа вчера на еден мост во Милано осамна транспарент наменет за италијанската „единица“.

„Донарума, г**но едно. Никогаш повеќе нема да бидеш добродојден во Милано“, му порачаа ултрасите на Милан.

Натпреварот Италија – Шпанија се игра вечерва во 20:45 часот. Утре во Торино се среќаваат селекциите на Белгија и на Франција.

Се вчитува...