Голманот Џанлуиџи Донарума верува дека неговиот поранешен клуб Милан може да ја освои титулата во Италија оваа сезона. 26-годишниот голман коментираше за состојбата во Серија А во интервју за „Газета дело Спорт“.
Изминатото лето се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Интер и Јувентус, најголемите ривали на Милан, но на крајот се реши да оди во Премирлигата и да во „вкуси“ англискиот фудбал.
„Имав среќа да ја гледам Серија А од две различни места: Лига 1 и Премиер лигата. Гледајќи од страна, можам да кажам дека нашиот фудбал не е послаб од другите. Во Англија трчаат од првата до последната минута. Во Италија не е така, но тоа не значи дека сме подобри или послаби, едноставно е така“, рече Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

