Дончиќ е еден и единствен, трипл-дабл за едно полувреме во демолирањето на Јута

Лука Дончиќ го одигра најдоброто полувреме во кариерата, откако асот на Далас Маверикс повторно испиша историја во НБА-лигата. Тој по првите две четвртини против Јута веќе имаше трипл-дабл од 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, со што стана прв кошаркар во историјата кој остварил трипл-дабл за едно полувреме со најмалку 25 постигнати поени.

Далас ја демолираше Јута на овој дуел со 147-97, а Дончиќ го заврши натпреварот со 40 поени, иако воопшто не влегуваше во игра во последната четвртина.

Денвер дефинитивно е во криза откако актуелните прваци загубија на гостувањето против ЛА Клиперс со 111-102 втор пораз во низа и осми на последните 10 гостувања за нагетси. Јокиќ имаше катастрофална шутерска вечер со дури 23 промашувања од игра (9/32), негово најслабо шутерско остварување од самото доаѓање во НБА. Српскиот центар го заврши натпреварот со 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции, но победата заслужено му припадна на домашниот тим во чии редови најефикасен беше Пол Џорџ со 25 поени, пред Харден со 20 поени и 11 асистенции.

Голден Стејт по голема борба го совлада Портланд со 110-106, дуел на кој Стеф Кари го пердводеше победничкиот тим со 31 поен, а одличен меч одигра и актуелниот МВП на лигата, Џоел Ембид, кој реализираше 50 поени, 13 скокови и 7 асистенции во триумфот на Филаделфија на гостувањето против Вашингтон.

Резултати НБА:

Кливленд – Орландо 121-111, Детроит – Мемфис 102-116, Вашингтон – Филаделфија 126-131, Атланта – Бруклин 113-114, Минесота – Сан Антонио 102-94, Торонто – Мајами 103-112, Чикаго – Шарлот 111-100, Хјустон – Оклахома 110-101, Далас – Јута 147-97, Голден Стејт – Портланд 110-106, ЛА Клиперс – Денвер 111-102.

Се вчитува...