Дончиќ е незапирлив во НБА, победа на Денвер Нагетс против Орландо – Голден Стејт загуби од Атланта

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа петтата последователна победа откако го совладаа Орландо Меџик со 119- 109. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 17 поени, 16 асистенции и 9 скока.

Орландо ја контролираше ситуацијата во првиот дел од натпреварот, па на полувреме имаше предност од 65:47. Сепак, Денвер израмни во третата четвртина, за во последните 12 минути целосно да го надигра ривалот и да дојде до победата.

Во дресот на Денвер се истакна Арон Гордон, кој постигна 24 поени против поранешниот тим, со 7 скока. Џамал Мареј имаше 22 поени, Мајкл Портер додаде 20 поени и запиша 12 скока, додека Никола Јокиќ го заврши мечот со 17 поени, 9 скока и 16 асистенции.

Денвер е четврти на табелата на Западот со резултат 31-18, Орландо е 14-ти на Истокот со резултат 17-33.

 

 

 

 

Атланта хоукс го совлада Голден Стејт Вориорс со 117-111 и со тоа ја забележа третата победа во низа. Атланта ја предводеше Данило Галинари со 25 поени и 10 скока, Клинт Капела постигна 24 поени и 18 скока, а српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ имаше 10 поени, 3 скока и 5 асистенции.

По повредата и враќањето на теренот, Стеф Кари постигна 37 поени за Голден Стејт (12-23 од мечот), Кели Убре додаде 20 поени (9-16 од натпреварот), со 11 скока. „Јастребите“ ја заземаат четвртата позиција на Истокот со 26 победи и 24 порази, Вориорс е 10-ти на Западот со резултат 23-27.

 

 

Резултати од останатите натпревари во НБА:

Мемфис Гризлис- Филаделфија Севентисиксерс 116: 100
Бостон Селтикс – Шарлот Хорнетс 116: 86
Њу Орлеанс Пеликанс – Хјустон Рокетс 122-115

Се вчитува...