Дончиќ незадржлив за Лејкерс, Јокиќ исклучен во Чикаго (ВИДЕО)

Далас Маверикс го совладаа тимот на ЛА Лејкерс на свој терен со 127-125 во меч кој беше решаван во последните секунди. Словенецот Лука Дончиќ беше импресивен и на овој меч.

Освојувачите на првиот НБА Куп не успеа да ја продолжат победничката низа. Далас дојдоа до победата полесно одколку тоа што го кажува конечниот резултат, иако во финишот можеа да ја испуштат победата.

Точка на триумфот стави екс играчот на Партизан, Данте Егзум со тројка, која го донесе Далас до 127-121. Овој меч го заврши со 26 поени. Дончиќ постигна 33 и беше најефикасен, а покрај тоа запиша и неверојатни 17 асистенции.

Денвер беше подобар од Чикаго на гостински терен со 114-106, иако Никола Јокиќ беше исклучен пред крајот на првото полувреме поради расправии со судиите. Јокиќ се жалеше на еден прекшок од Вучевиќ, па им дофрли на судиите, по што беше отстранет од теренот, и го заврши мечот со четири поени, девет скока и шест асистенции. Но, тоа не ги поремети плановите на Денвер да дојде до триумф.

Воедно, Денвер беше единствениот тим кој триумфираше на гостински терен во синоќешните НБА меча. Покрај Далас, домашни победи забележаа и Бостон против Кливленд, Феникс со Голден Стејт и ЛА Клиперс против Сакраменто.

Резултати:

Бостон – Кливелнд 120:113
Далас – ЛА Лејкерс 127:125
Чикаго  – Денвер 106:114
Феникс – Голден Стејт 119:116
ЛА Клиперс – Сакраменто 119:99

Се вчитува...