Дончиќ го бидува и за фудбал: Жонглираше како Марадона, па погоди од невозможна позиција (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар и постигна 32 поени, но остана далеку под просекот на скокови и асистенции (по четири), а неговиот Далас Маверикс убедливо загуби на домашен терен од Филаделфија со 113-95.

Дончиќ покажа стандарден репертоар на импресивни потези на натпреварот, но тој го го изведе најлудиот потег пред да започне официјалниот дуел. Лука покажа дека го бидува и за фудбал, па почна да жонглира со кошаркарската топка, а потоа се сврте точно пред влезот на ходникот, шутна од неверојатна далечина и агол, и секако погоди.

Се вчитува...