Дончиќ го доби дербито со Јокиќ, Мичел ги „преслуша“ Лејкерс (ВИДЕО)

Далас Маверикс во трилер натпревар славеше со 115-116 на гостувањето кај Денвер Нагетс во дерби натпреварот од Западната конференција.

Лука Дончиќ повторно беше најдобар поединец во својот табор откако запиша нов трип-дабл, со 22 поени, десет скока и 12 асистенции. Најефикасен кај Мавс беше Тим Хардвеј Џуниор со 29 поени. Кај поразените Арон Гордон заврши со 27 поени, додека Никола Јокиќ додаде 19 со по осум скока и асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс загубија на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со 116-102. Прво име во таборот на победникот беше Донован Мичел кој мечот го заврши со 43 поени, додека кај Лејкерс Леброн Џејмс уфрли 21 поен. Најдобриот кошаркар на „езерџиите“ сезонава, Ентони Дејвис поради чувство на грип го напушти натпреварот по осум минути игра.

Во последниот меч од синоќешната понуда Детроит Пистонс славеше на гостувањето кај Мајами Хит со 96-116.

Се вчитува...