Дончиќ го одигра најлошиот меч во кариерата, Лејкерс по продолженија подобри од Никс

Лука Дончиќ веројатно  го одигра најлошиот меч во кариерата во поразот на неговиот Далас Маверикс на гостувањето кај Мемфис Гризлис од 133-104. Словенецот натпреварот го заврши со само 12 поени со шут од игра 4/16. Кај победникот најефикасен беше Жа Морант со 24 поени.

ЛА Лејкерс стигнаа до значајна победа против Њујорк Никс по продолженија од 101-99. Клучните поени за шампионите ги постигна Тајлер Хортон Такер. Кајл Кузма со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џулиус Рендл заврши со 31 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Шарлот – Денвер 112-117, Детроит – Минесота 100-119, Бостон – Мајами 121-129, Торонто – ЛА Клиперс 96-115, Индијана – Филаделфија 103-94, Чикаго – Бруклин 107-115, Милвоки – Орландо 114-102, Сакраменто – Оклахома 122-106 и Голден Стејт – Феникс 122-116.

Се вчитува...