Дончиќ го водеше Далас до победа над Њујорк, Лејкерс триумфално против Сакраменто (ВИДЕО)

Далас Маверикс стигнаа до триумф над Њујорк Никс од 86-99. Лука Дончиќ повторно беше прво име во таборот на Мавс откако постигна 26 поени, надополнети со осум скока и седум асистенции. Кај Никс Алек Буркс заврши со 20 поени.

Лсо Анџелес Лејкерс и без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис стигнаа до лесен триумф на гостувањето кај Сакраменто Кингс од 94-115. Кајл Кузма со 30 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Барнс заврши со 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Торонто – Голден Стејт 130-77, Бостон – Хјустон 118-102, Индијана – Шарлот 97-114, Мемфис – Минесота 120-108, Њу Орлеанс – Атланта 103-126, Јута – Чикаго 113-106, Феникс – Оклахома 140-103 и Портланд – Милвоки 109-127.

Се вчитува...