Дончиќ го води Далас кон плеј-оф, Милвоки повторно подобар од Бруклин (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го води Далас Маверикс кон плеј-оф откако повторно одигра одличен натревар во победата на гостувањето кај Мајами од 113-127.

Словенецот натпреварот го заврши со 23 поени, надополнети со осум асистенции и 12 скока. Одличен меч одигра и Тим Хардвеј Џуниор кој заврши со 36 поени. Кај поразените по 19 постигнаа Данкан Робинсон и Горан Драгиќ.

Милвоки Бакс повторно беа подоби од Бруклин Нетс во дербито на Источната конференција, овој пат со 124-118. Јанис Адетокумбо со 36 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека за Нетс беа недоволни одличните партии на Кајри Ирвинг 38 поени и Кевин Дурант 32 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Кливленд – Феникс 118-134, Детроит – Шарлот 99-102, Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-103, Оклахома – Сакраменто 99-103 и ЛА Клиперс – Торонто 105-100.

Се вчитува...